Денес две сообраќајни незгоди на иста раскрсница во населба Сењак во Штип

Денес во нас. Сењак во Штип се случија две сообраќајни незгоди на иста раскрсница што се наоѓа во близина на зградата Топ инвест. Првата се случила утринава помеѓу мотоцикл и такси возило. Втората сообраќајна незгода се случи попладнево и учествувале две патнички моторни возила. Екипи на СВР Штип излегоа на терен и со дополнителни информации ќе излезат подоцна. Се уште нема информации за евентуални повредени лица.