
Од 860-те нови тестирања во последните 24 часа, регистрирани се нови 78 случаи на КОВИД 19.
Штип со ниту еден нов случај.
На Инфективно Одделение при Клиничката болница во Штип хоспитализирани се 38 пациенти, од кои 30 позитивни, а осум суспектни, дознаваме од директорот, д-р Ален Георгијев.
Најмногу новозаболени има во Скопје-28, по осум во Прилеп и Гостивар, во Тетово, Дебар и Берово по четири лица, Делчево и Кичево по тројца, Кавадарци, Неготино и Кочани по двајца, а во по еден новозаболен од КОВИД 19 во Битола, Охрид, Радовиш, Пробиштип и Македонски Брод.
Четири лица се починати. Оздравени се 40 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ