
Денес беа промовирани двете книги на штипјанецот Пане Кукушов во библиотека Гоце Делчев во Штип. Станува збор за дела, кои се создадение во текот на последните неколку години. Кукушов седејќи во карантин во текот на корона вирусот, решил да пишува на две книги, едната ја насловил како ,,Религиски симболи и мотиви на современате банкноти и кованици“, a втората како ,,Воени валути, банкноти, сертификати и преодни платежни средства во 20 век.“
,,Идеите многу лесно дојдоа, седејки во карантин во корона, ми дојдоа идеи и мотиви да створам нешто. Тоа беше да ги лоцирам сите банкноти кои имаат религиски симболи или мотиви како основен мотив или заштитен зnак. Тоа бараше длабоко истражување, успеав да лоцирам 100 земји. Покрај описот, се обидувам да дадам и друг момент, а тоа е моментот на прикажување на значајната личност, објект или симбол на самата монета.“, вели Кукушев
И втората книга воени валути, банкноти, сертификати и преодни платежни средства, авторот Кукушев имал потреба да ја напише, бидејќи имал војничко образование. Истата како што вели тој преставувала голем предизвик дури ја напишал целата.
Промоцијата беше оддржава во штипската библиотека Гоце Делчев, а на истата присуствуваа роднини, пријатели и блиски познаници на авторот, кој пријатно беа изненадени од неговите дела.
Иван Митев, М-Нет