Венко Крстевски е новиот в.д. градоначалник на Општина Кочани

Венко Крстевски е новиот в.д. градоначалник на Општина Кочани. Време е за обединување, време е за работа, истакна Крстевски по добивањето на оваа функција. Додаде дека во фокусот на вниманието ќе бидат младите.

„Јас ќе бидам меѓу народот, мешу институциите, фокусот ќе ми биде на младите. Со чесна и ефикасна работа Кочани да биде поубаво и подобро место за живеење, се со цел да го надминеме ова.“ – вели Крствески.

Венко Крстевски доби поддршка од советниците на СДСМ и коалицијата, а советничката од Левица, гласаше воздражно и за двајцата кандидати, и во двата круга на гласањето. Се гласаше поединечно и секој советник имаше прво да гласа само еднаш. Венко доби девет гласа за и еден воздржан, додека Марков осум гласа за и еден воздржан.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата веднаш по изборот на в.д. градоначалник.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет