
Денеска и утре е вториот уписен рок на УГД Штип. Идните студенти може да се запишат на некој од факултетите при универзитетот на кој има слободни места. За плаќање со државна квота слободни се 1600 места, на сите студиски програми освен на општа и дентална медицина.
„Овие два дена очекуваме да аплицираат однонсо да направат профил на нашата веб страна, да пополнат општи информации. Од првиот уписен рок можам да кажам дека сѐ уште има слободни места. Но, на општа медицина се е пополнето, има голем интерес и на дентална медицина, но на другите студиски програми имаме слободни места“ – вели Џидров.
На 17 и 18 септември ќе има трет уписен рок, а конкурс ќе има и во месец октомври. Тој ќе биде наменет за студенти од ранливи категории и на нив ќе им се помогне при плаќањето партиципација.
„Во октомври таргетираме повеќе ранливи категории на студенти кои изминатите години увидовме дека имаат потреба од помош, па така во октомври ќе објавиме конкурс во кој ќе се таргетираат категории на студенти со еден родител, со починат родител, без родители. Тој конкурс е дополнителен и ќе ги повикам нашите студенти да аплицираат ако се во тие категории и да ги помогнеме со ослободување од пола плаќање на партиципација“ – додава Џидров.
Првиот академски час е на 1 октомври.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет