Утре ќе се рушат дивоградбите на угостителските објекти во Трговскиот центар во Кочани

Утре ќе се рушат дивоградбите на угостителските објекти во трговскиот центар во Кочани.

По решение од градежен инспектор, утре, 5 септември, во попладневните часови, Општина Кочани ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар. – стои во соопштението кое го испратија до медиумите.

На 18 јуни оваа година Крстевски поднесе кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против угостители што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните истакнувајќи дека и по трагедијата во „Пулс” има угостители што работат нерегуларно и незаконски, со што покажуваат дека поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните, на жителите во зградите каде што се лоцирани објектите, но и на самите посетители.

Со најавата за уривање на нелегалните објекти што ја загрозуваат безбедноста, в. д. градоначалникот Крстевски потсетува дека јавната површина е јавен интерес и дека нема никаква толеранција кон угостителските објекти коишто го узурпираат јавниот простор и создаваат безбедносен проблем.