
Штип одбележува јубилеј 100 години од првата опера „Палјачи“ изведена во Штип. По тој повод утревечер со почеток во 20 часот во големата сала на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ќе се одржи настан на кој ќе се изведат популарни арии од страна на оркестарот на Македонската опера и балет и десет солисти.
„Станува збор за гала концерт на кој настапува целиот оркестар на Македонска опера и балет и десет солисти на операта кои ќе изведат популарни арии во чест на операта „Палјачи“, односно во чест на јубилејот 100 години опера.“ – вели Панајотов.
Уште пред еден век било јасно дека љубовта кон уметноста ќе се развива токму од Штип, со оглед на фактот дека картите уште тогаш биле распродадени за само еден ден. Утревечер влезот е бесплатен за сите кои сакаат да уживаат во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип.
„Тогаш биле продавани карти од 15 до 50 динари тогашни. И уште од тогаш се знаело дека љубовта кон уметноста ќе се развива во нашиот град бидејќи биле распродадени за само еден ден. Се одржувало во тогашен офицерски дом, денешен Дом на млади.“ – вели Ќосевски.
Операта „Палјачи“ била изведена на 29 август и1925 годин. Операта била поставена под диригентство и во клавирска придружба на легендарниот Сергеј Михајлов, а во режија на Душан Будимировиќ, кој тогаш живеел и работел во Штип, а имал студирано драматургија во Берлин. Операта „Палјачи“ била регистрирана како 201. претстава на тогашниот штипски театар и како прва опера, која во Штип имала и три репризи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет