
Со исповед, причест и молитва, христијаните од католичка вероисповед, денеска го празнуваат Бадник, а утре Божиќ. Денеска верниците ја подгтовуваат бадниковата трпеза, по која што, како што рече Отец Тони Ангелов ќе се служи вечерна литургија во нивниот храм. Целта на празникот е да се бдее и да се биде буден , а со тоа достојно се пречека раѓањето на спасителот Господ Исус Христос.
,,И како што знаете, денес е Бадник, а самиот збор Бадник значи да се бдее, да се биде буден, да се биде спремен со чисто срце и душа да го прославиме раѓањето на нашиот спасител Исус Христос. Со чисто срце што значи тоа? Еве денес токму денот, кога ги посетувам болните, тие се исповедуваат, кој неможат да дојдат вечерва на света литургија, на сеноќно бдеење, кое започнува во 20 часот. Тие се исповедуваат, се пречистуваат, така да и другите верници во изминатите денови беа присутни на молитви и тие имаа можност да се исповедаа, а така тоа бдеење со света литургија ќе го вкусат и примат телото и крвта на на нашиот Господ Исус Христос.“, рече Ангелов
Во самиот храм е поставена и витлеемската пештера на која е прикажано самото раѓање, рече Ангелов, потенцирајќи дека во истата се прикажани првите гласници, кои го навестиле Христовото рождество.
,,Тука што е симболично ја имаме витлеемската пештера како ги гледаме мудреците, ангелите, пештерите беа првите гласници, кој го навестуваат раѓањето на Исус Христос, а Божик како празник е еден од најдлабоките и најрадосните христијански наши празници затоа што ние ја славиме тајната Божја љубов.“, додава Ангелов
Инаку, Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.
Иван Митев, М-Нет