
Денарот е стабилен и во време на висока инфлација, не постои опасност од девалвација на нашата валута. Спорт професорот Стеван Габер од УГД Штип, фиксниот курс на денарот врзано за еврото овозможува долги години да има стабилна монетарна политика. Како што вели ситуацијата е стабилна во споредба со порано, кога имаше економски шокови.
,,Очигледно дека фиксниот курс на денарот врзано за еврото ни овозможува долги години да водиме една монетарна стабилна политика и нормално централната банка си ја врши својата работа, за разлика од порано кога имало економски шокови, кои што влијаеле и ја теситрале токму способноста на централната банка, овој изминат период можеме да кажеме дека тоа не се случува, што значи дека имаме една смирена ситуација и нема посебни стресови и од тој аспект можам да кажам дека денарот е стабилен и со оглед на тоа каква ни е економската состојба во државата мислам дека иделано решение во поглед на тоа каква политика треба да се води.“, рече Габер
Државата не би требало да има големи негативни ефекти, рече Габер. Неговите препораки водат кон то да има преговори за да се услогласат тарифните политики. Како што истакнува тој државата не може со непријателски економски политики да гради отворен мегународен економски систем
,,Секако го пореметуваат мегународната трговија, претставува голем удар за глобализацијата, како еден феномен кои што засилено се шири, се пробива низ светски рамки. Ние како млада држава, која што нема толку голема отвореност и изложеност со САД не би требало да имаме толку големи негативни ефекти, но сеако препораката би одела во насока да преку ова што сега го прави владата, преговори со понатамошната администрација да се догворат и да усогласат тарифните политики во тој дел. Не можеме со непријателски економски политкки да градиме отворен мегународен економски систем.
Македонскиот денар денеска одбележува 33 година од монетарното осамостојување, што беше тема и на научниот симпозиум што се одржа на Економскиот факултет при Универзитетот„ Гоце Делчев„. Нашите банкноти имаат симболи кои го изразуваат богатото македонско културно, историско и природно наследство.
Иван Митев, М-Нет