Уште двајца пациенти од кочанската трагедија се враќаат од Бугарија

Уште двајца пациенти од кочанската трагедија, денес се враќаат од Бугарија. Станува збор за двајца мажи на возраст од 19 и 21 година, кои на 17 март беа исто примени во пловдивската болница Св. Ѓорѓи за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интезизвна нега, поради сериозноста на изгорениците. Дури беа таму, нивната состојба постојано се подобруваше, а за негата и третманот беа заслужни медицинските специјалисти од таму. Во моментов, пациентите се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација. Тие, заедно со нивните семејства упатуваат посебна благодарност до тимот на болницата ,кои професионално успеаа да ги спасат. Инаку пожарот во кочанската дискотека Пулс се случи на 16 март, а животот го загубија 62 лица, а 200 беа повредени. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 лица.

https://www.youtube.com/watch?v=3X18eN8CcCI

Иван Митев, М-Нет