
Општина Виница испрати демант на вест што проциркулира низ неколку локални медиуми и портали. Демантот го пренесуваме во целост:
Веста дека како градоначалник на Општина Виница ми се одземени надлежностите за именување и разрешување на директор на средното општинско училиште “Ванчо Прке”- целосно ја демантираме.
Најостро ја осудуваме оваа дезинформација и бараме извинување од медиумот кој ја објави оваа вест без претходна проверка.
Решението кое беше приложено е со важност од 01.06.2022г до 01.06.2023г. Така што од 01.06.2023г именувањето и разрешувањето на директор на СОУ “Ванчо Прке” Виница се во Моја надлежност како градоначалник на Општина Виница.