
Дел од граѓаните во Штип веќе започнале да се снабдуваат со дрва за греење за следната сезона. Иако сѐ уште е рано сепак потребно е да се почне на време велат тие за зимото да го поминат на топло. Се греат на дрва бидејќи за нив тоа е поисплатливо. Скапи се и огревните дрва, но за разлика од струјата ова е подобро. Велат дополнително се зголемила и цената на пелетите.
„Имам купив си, 3.500 денари. Кога нема друго испалаќа се да се грееме на дрва, бидејќи другото е поскапо“
„Не сум купил уште, рано е уште сега почнува сезоната да се купуваат дрва. Спрема нашите примања скапи се дрвата“
Дрвото дава подобар ефект додаваат анкетираните штипјани, потопло е, а може и да се готви. Оние кои имаат и клими нив ги користат повремено, кога не е многу ладно па така комбинирано го поминуваат зимото на топло. Барем до сега така било, за наредното зимо времето ќе покаже.
Лаура Стојанова М-Нет