Дел од ловците од ЛЗ „Ловец“ Штип собираат потписи за кривична пријава на претседателот и секретарот на здружението

Собрани потписи и вондредно собрание бараат дел од ловците од ЛЗ „Ловец“ од Штип. Децидни дека изминатите две години се соочуваат со големи неправилности и се принудени со собраните потписи да покренат кривична пријава до претседателот на ЛЗ„Ловец“ Штип и секретарот на здружението. Но понатаму велат дека ќе насојуваат и да се организираат нови избори во здружението.

„Сакам да ве известам дека поради многубројните регуларности кои се случуваат во ЛЗ „Ловец“ Штип, собравме петиција од потписи на ловци со кои ќе поднесеме кривични пријави против претседателот. Од многу злоупотреби кои се случуваат во последната година, односно последните две години, сме принудени ова да го направиме и веќе собравме потписи, а воедно со ова петиција ќе побараме и вонредно собрание во ЛЗ „Ловец“ со што ќе бараме и нови избори на здружението.“ – изјави Малинов

Посочиа дека ќе се труадат што повеќе да ја запознаат јавноста со тоа какви нерегуларности се случуваат со здружението.

„Ова информација ќе биде испратена до сите релевантни институции, како и до сите новинарски куќи. Така да јавноста ќе биде запознаена за тоа што се се случува и какви нерегуларности се забележуваат во ЛЗ „Ловец“ Штип.“- додава Малинов

За самата ситуација од ЛЗ „Ловец“ од Штип остануваат воздржани со коментари, децидни дека не забележуваат никакви неправилности.

Лаура Стојанова, М-Нет