Празни ќеси и високи цени е исходот од пазарување, штипјани децидни дека цените постојано се покачуваат

Леб, зејтин и останатите основни прехранбени продукти граѓаните ги купуваат за повисоки цени. Анкетираните за М-Нет телевизија велат дека постојано се забележува покачување на продуктите во маркетите. Празни ќеси за пазарување и високи сметки се исходот со кои граѓаните се враќаат дома од пазарување.

„Па сигурно половин и повеќе артикли се покачени секој ден различни цени. Кога и да влеземе по денар или два цените постојано се зголемени, зависно од артиклот, но секој ден има промени во цените. Да штети затоа што многу е скап животот, а примањата се мали и за вработени и пенизонери за сите поточно. Надеваме се дека ќе биде подобро важно е да не губеме надеж.“ – велат штипјани

Без оглед на ваквата ситуација, она што е неопходно мора да се купи велат граѓаните и децидни се дека новите поскапувања ќе предизвикат нова буџетна криза.

Штипјани додаваат дека постојано најмалку по 5% се покачуваат производите, а тоа секојдневно не се забележува. Велат дека на крајот на месецот на својот приход забележуваат колку цените се високи.

Лаура Стојанова, М-Нет