
Делчево се олпреми со 32 парковски канти, шест контејнери за селекција на отпад и опрема за видеонадзор со цел да се зачува на урбаната опрема, како дел од проектот на „Малеш-Пијанец“, со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој. Парковските канти ќе се постават на јавните површини и во парковите во централното градско подрачје, а контејнерите за селекција на отпад ќе се распоредат во училишните дворови. Системите за видеонадзор ќе бидат поставени на локациите каде што изминатиов период било евидентирано најголемо оштетување на урбаната опрема и кражби. Од локалната власт во Делчево и формираат дека ЈКП „Брегалница“ ќе ги постави парковските канти наредната недела, а контејнерите, со кои се воведува почетна селекција на отпадот од стакло, хартија и пластика, се веќе дистрибуирани до двете основни училишта во градот. Средствата што ЛАГ „Малеш-Пијанец“ ги доби од ресорното министерство се во висина од 880.000 денари. Претходно Општина Делчево се снабди со 23 контејнери, во вредност од 371.000 денари. Контејнерите се со волумен 1,1 кубен метар и номинална носивост од 430 килограми.
Славица Величковска