Делчево подготвува стратегија за локален економски развој

Општина Делчево ги сумира потребите на граѓаните и општинските можности за партиципирање на Општина Делчево во изработката на стратешкото планирање при Источно планскиот регион. Што е потребно да се реализира и колку Општината е моќна да се вклучи во партиципирањето за да можат да се искористат средствата од ИПР.

Во моментов најактуелно е партиципирањето на Општина Делчево во изработка на  стратешкото планирање при ИПР. Во следниот период до почетокот на декември треба да биде изготвен четири годишниот план, кој што го засега и Општина Делчево, рече Тони Стоименовски од Општина Делчево.

Паралелно со овој документ, Општина Делчево изработува и Стратегија за Локален економски развој (2021-2025) документ, кој преку прашалници, работилници и комуникација со бизнис заедницата, младите,невладиниот сектор и вработените во секторите во Општина Делчево, до крајот на декември треба да биде испрофилиран и доставен за одобрување пред Советот на Општина Делчево.

Тоа е еден клучен документ за Општина Делчево, каде што ќе се вгради визијата на Делчево,односно каде се гледа во наредните 4 години Општина Делчево,кои се клучни и потребни инфраструктурни проекти, кои се потребни проекти за младите,кои се потребни проекти за здруженијата.Значи еден сет на мерки кои ќе бидат вклучени во тој стратешки документ и по кој ќе се раководиме следните 4 години, ќе ги знаеме до крајот на годината, истакна Тони Стоименовски. Како што додадоа од Општината, засега во овој документ планирано е да се стават за реализација во најголем дел инфраструктурни проекти,подобрување на патиштата во градот и населените места,набавка на опрема и возила за ТППЕ  во Делчево и ЈПКД Брегалница и набавка на урбана опрема за јавните површини.Што се однесува до проекти од ИПР во предходната стратешка искористеност Општина Делчево го изгради мостот на река Брегалница, кој го доби името по патронот на градот Гоце Делчев.

Сунчица Маринкова Сосиева М Нет