
Дедо Мраз утринава ги посети и дечињата од основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Крупиште, каде им подели новогодишни пакетчиња и ги израдува во склоп на новогодишните и божиќните празници. Пакетчиња добија и учениците од селата Долни Балван и Калузлија. Целта да се израдуват децата е поддржана од „Инфо -бусот“ и НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип.
„Денес дојдовме на посета во ООУ „Страшо Пинџур“ заедно со „Инфо-бусот“ на НУ-УБ „Гоце Делчев“. Целта на оваа посета е да им донесеме радост и насмевки на учениците и да им подариме пакетчиња заедно со Дедо Мраз. Се надеваме дека следната година ќе успееме да ги израдуваме учениците и во другите села и приградски населби“, истакна Ивана Стојанова, библиотекар.
За наредната година се очекува новогодишни пакетчиња да се поделат на сите деца од руралните и приградски населби, со цел да се донесе радост и среќа и секое дете да ја почувствува празничната магија.
Ребека Спасова МНет