Поставени хранилки полни со храна зa бездомните кучиња на повеќе локации во Штип

Утринава на неколку локации во централното градско подрчје во Штип се поставија хранилки за бездомните кучиња, полни со храна, што е иницијатива реализирана од страна на „Џосера“. Целта на ова е и кучињата кои се оставени на улица да може да се хранат и со еден мал гест да се покаже дека и тие се важни, како и нивниот начин на живот. Придобивките се огромни, во зимски услови и ниски температури да се покаже љубов кон кучињата оставени на улица. Одговорните лица од „Џосера“ истовремено апелираат хранилките да не се уништуваат и секој кој е во можност да ги полни со храна.

„Оваа година „Петшоп Џосера“ покрена иницијатива за помош на бездомните животни, бидејќи сите знаеме каков живот имаат на улица. За таа цел ќе донираме хранилки кои ќе бидат распоредени на неколку локации низ централното градско подрачје, населба Сењак и населба Осми ноември. Хранилките ќе бидат наполнети со наша храна и упатуваме апел до сите сограѓани – да ги сочуваме хранилките и доколку се во можност, да оставаат храна во нив“, истакна Марјан Кукушев, одговорно лице во „Џосера“.

Ова е прв ваков потег на „Џосера“, хранилки да се постават на повеќе локации низ Штип. Инаку, тие работат од 2020 година со единствена цел – и домашните миленици да имаат сѐ што им е потребно.

„„Џосера“ е име кое нашата желба ја направи реалност. На 4 јануари 2020 година го отворивме овој ,петшоп’ со цел да донесеме среќа во срцата на ваши, а и наши миленици. Располагаме со висок асортиман на аксесоари, како и со најдобрата и најквалитетна храна за која сведоци се нашите потрошувачи“, додава Кукушев.

По улиците во Штип секојдневно може да се забележат сѐ повеќе нови бездомни кучиња. Овој хуман гест од „Џосера“ е начин да се покаже дека и тие значат и дека заслужуваат да им се обезбеди подостоинствен начин на живот. Инаку, „Џосера“ се наоѓа на ул. „Партизнска“ 1/ 1, веднаш спроти градскиот стадион во Штип. Во оваа прилика тие ги честитаат новогодишните и божиќните празници на сите граѓани.

Лаура Стојанова МНет