Спектакуларен концерт вчеравечер одржа ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Основците и средношколците од училиштето се претставија преку повеќе точки како дел од богатата програма. Главно, се изведуваше класична музика, а меѓу специјалните гости беше и оперската певица Виолета Арсовска.

Концертот се одржа во Домот на култура „Ацо Шопов“ и тоа во два термина поради големиот интерес, а картите беа веднаш распродадени. М-Нет Телевизија е медиумски покровител на концертот, па оние кои го пропуштија може да го проследат на програмата на М-Нет.
Ова е 10. јубилејно издание на предновогодишниот концерт на државниот музички училишен центар.