Девојка од Скопје неовластено подигнала пари од дебитна картичка на штипјанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.К.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, откако ја присвоила дебитната картичка на лице од Штип, во неколку наврати во Крива Паланка и Ранковце неовластено подигнала пари и се стекнала со противправна имотна корист од 8.743 денари.