Деби-победа за Сенев – Брегалница го реши Шкупи, шампионот падна во Маџари, реми во Охрид

Новиот тренер на штипска Брегалница, Трајче Сенев, со победа дебитираше на клупата на „сините“, откако на домашен терен и пред домашната и верна публика штипјани со минимални 1:0 славеа над Шкупи.

Стрелец на победничкиот гол кој беше постигнат во 8. минута беше дело на Пепи Ѓоргиев. Одличен меч за голема победа на Брегалница во мачната борба за опстанок, злати три бода на контото на штипјани кој одиграа одличен меч.

Во финишот на мечот Канформ имаше одлична шанса за погодок, но биеше над голот, откако претходно шанса пропушти и Ѓорѓиев.

Шампионот Струга Трим Лум падна во Маџари, откако Вардар забележа минимална, го огромна победа од 1:0 со голот на Дејан Ѓуриќ во 73. минута со што „вардарци“ за првпат ја напуштија опасната зона.

Тиквеш на домашен терен забележа голема победа од 3:1 над Брера Струмица, откако домашниот тим предводен од Ѓорѓи Мојсов во 19. минута дојде до 1:0 со голот на Малески, а потоа гостинската екипа преку Ристевски израмни на 1:1 во 32. минута. Шест минути подоцна Сантос го врати водството на 2:1, а во 68. минута Спахиу ги постави конечните 3:1.

Дербито за бегство од долниот дел на табелата меѓу Воска Спорт и Работнички кое се одигра во Охрид заврши без победник (1:1). Најдобриот стрелец во ПМФЛ, Алекса Марушиќ во 19. минута погоди за 1:0, а единаесет минути подоцна Влатко Стојановски погоди за конечни 1:1.

Македонија ЃП откина бодови од фаворитот Шкендија откако дома одигра 1:1. Красниќи погоди во 23. минута за 0:1, а Жилберто ги постави конечните 1:1 во 36. минута.

Вчера во воведниот меч кој се одигра во Кратово екипите на Силекс и Гостивар ремизираа играјќи 1:1.

Струга и понатаму е на врвот со 54 бодови, Шкупи е втор со 51 бод, трета е Шкендија со 49 бодови.

На 4. место е Силекс со 37 бодови, Тиквеш е на 5. место со 36 бодови, Гостивар е шести со 33 бодови, Брера Струмица е седма со 30 бодови. На осмото место е Вардар со 29 бодови, Работнички е деветти со 28 бодови колку што има и Воска Спорт која сега е во бараж зоната. На претпоследното место односно во опасната зона е Македонија ЃП со 25 бодови, колку што има и Брегалница која е на дното.

Александар Ванев, М-Нет