Абердин ја покачи цената на штипјанецот Бојан Миовски, кој е на радарот на повеќе европски клубови!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја игра сезоната на кариерата во дресот на Абердин, меѓутоа шкотскиот тим е во дилема дали да го продаде или да го задржи и понатаму.

Штипјанецот до крајот на сезоната може да ја надмине бројката од 30 погодоци во дресот на Абердин, а 24-годишникот одново е во фокусот на јавноста за тоа каде би можел Миовски да ја продолжи кариерата.

Поради големиот интерес за Миовски, неговиот Абердин реши да ја зголеми цената на осум милиони евра, со што тоа би бил рекорден трансфер.

За Миовски интерес пројавија екипи од Англија и Шкотска, францускиот Ремс, и холадински Феенорд.

Миовски се најде во идеалнит тим на сезоната во Премиер лигата на Шкотска, а се најде во најтесниот избор за фудбалер на годината во Шкотска.

Александар Ванев, М-Нет