
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози, известуваат од Автомотосојузот на Македонија. Од таму информаираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Истовремено АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Заради највените врнежи од дожд и краткотрајно невреме стои апелот за внимателност при возењето особено на места каде има можност за појава на одрони во источниот регион.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет