Две лица од Штип и Скопје нападнале полициски службеник

На 29.01.2021 во 20.20 часот во Штип биле приведени С.П.(31), К.П.(27), Б.Р.(27), сите од Скопје и С.А.(25) од Штип, затоа што С.А. и Б.Р. физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а при извршен преглед во патничко возило „форд мондео“, управувано од С.П., во кое сите се превезувале, биле пронајдени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.