Денес во Штип се одржа годишното изборно собрание на ОФС – Штип кое содржеше 16 точки на дневниот ред. Во присуство на делегати на 22 општински клубови меѓу кои и на второлигашите Брегалница и на Кит Го кој е регистриран во Штип се донесоа повеќе едногласни одлуки. Како најстар член денешната седница ја водеше Ванчо Коцев се до изборот на старо – новиот претседател Димитар Џонов. За делегати на управниот одбор на ФФМ се избрани Димитар Џонов, Илија Митров, Бернард Симонов, Димитар Маџунаров,Санде Николов и Дарко Черкезов. Се избраа и преостанатите членови на надзорен одбор, делегати на собрание а беа разгледани и узвоени извештаите за работата на ОФС како и финансовиот извештај. Сите делегати дадоа едногласна подршка на раководството на ФФМ на чело со Муамед Сејдини.