Два физички напади врз полициски службеници во Кочани, уапсени две лица

На 06.10.2020 околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода А.С.(23) од Кочани затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 07.10.2020 во 12.10 часот на место викано „Компосара“ на магистралниот пат Делчево – Штип, атар на Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(29) од Виница затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.