Горан Пандев: „На овој народ му требат вакви моменти,ќе оставиме срце на терен да го израдуваме македонскиот народ“

Вечерва е денот „Д“ за македонските фудбал, за оваа денешна генерација предводена од капитенот Горан Пандев кои се пред историски европски испит со што конечно би ја израдувале армијата на македонски навивачи кои несебично ги бодрат и ги подржуваат особено во најтешките моменти. Нашите фудбалери имаат искуство, знаат да играт фудбал , почитувани се насекаде по фудбалска европа и жално е само едно што ќе недостасува а тоа е верната публика и цел стадион исполнет до последното место или како што вели селекторот Игор Ангеловски – „ Овој натпревар Македонија го очекува цели 30 години“.

Со свој коментар е и идејниот водач на македонската репрезентација популарно наречениот „Гранде Горан“ односно капитенот Горан Пандев. – „ Ова е најважниот натпревар во мојата кариера, и благодарност кон сите оние кои со максимални напори овозможија да дојдам од Италија и да го одиграм овој натпревар. Секако дека сум емотивен, на овој народ му требаат вакви моменти и едно можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Моја желба беше да го одиграме овој меч пред публика со полни трибини, но што е тука е“.

Полуфиналниот натпревар Македонија – Косово ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 ч. а со евентуална победа не очекува финале на гости кај победникот од натпреварот Грузија – Белорусија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk