Да се преиспита одлуката за намалување на посмртнината илипензионерите ќе протестираат

Намалување на посмртнината за 5 000 денари, а зголемување на цената на членарината, без да бидат консултирани здруженијата во внатрешноста за пензионерите е апсурд. Имено, од први февруари стапи на сила одлуката дека посмртнината наместо 30 илјади денари, како што беше досега, ќе се намали на 25 илјади денари, со што пензионерите се кренаа на нозе. Од Сојузот на здруженија на пензионери бараат оваа одлука да се преиспита, во спротивно најавуваат протести.

Проблемот со намалување на посмртнината нема да се реши ниту со сегашните најави за покачување на пензиите, додаваат од Сојузот. Истовремено, истакнуваат дека минатата година е зголемен и бројот на смртни слуачи во Штип, кој месечно се движел околу 1800.

Од Сојузот истакнаа дека со кратење на средства кај пензионерите нема да се реши проблемот со сиромаштијата во државата. Како за пример посочуваат дека околу 7000 пенизонери во Штип едвај врзуваат крај со крај. Наместо од нив, средства треба да се кратат од примањата и поените кои ги добиваат пратениците, додава Маневски.

Ребека Спасова М-Нет