Преку рецитал членовите на ЛК „Копнеж“ Кочани му дадоа вистинско значење на Осми март

Членовите на литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани и за денешниот празник Осми март, денот на жената подготвија билтен во кој беа сместени литературни творби од роднокрајни автори. Челновите на клубот имаа можност во просториите на ЈУ Библиотека Искра да се престават со свои творби посвестени на жената.

„А, јас често со погледот кон ѕвезденото небо шетам, за да ги видам твоите очи. Во ветрот сакам да го слушнам твојот глас, да ги гледам твоите избраздени раце како топол леб од старата печка вадат…“

Членовите на литературниот клуб Копнеж од Кочани, вклучувајќи ја и преседателката Ивана Атанасова во оваа прилика им го честитаа празникот на сите припраднички на понежниот пол во Општина Кочани.

Инаку, за секој празник клубот прави билтен во кој на разни теми се пишуваат литературни творби од роднокрајни автори.

Лаура Стојанова М-Нет