
По вчерашниот пожар кај градската депонија во Штип се утрврдуваат причините поради кој настана пожарот како и местото од каде започнал да се шири истиот. Не е првпат да гори депонијата а на екстремно високи температури директорот Зајков апелираше до сите граѓани и надлежни институции да бидат совесни со цел да не се предизвика пожар повторно.
„Станува збор за плански неуредена депонија, локација каде и во минатото се одлагаше отпадот. Ова не е првпат да се пали депонијата и доколку не преземеме конкретни мерки причините ќе бидат се почести. Затоа апелира до сите надлежни институции, граѓаните да бидат совесни и да вршат селекција на отпадот со цел да се повторува ситуација како вчера да се запали депонијата“ – вели Зајков.
Како едно од можните решенија со цел да се спречи предизвикување на пожари овој е период е да се воведе забрана за движење на овој потег овој период. Просторот е неуреден и ова е причина плус поради која не може да се води ред кој се влегува и каков отпад се остава овде. Осомничени лица има ама виновници за пожарите досега не.

„Ние во овој момент како јавно претпријатие вршиме видео надзор од главниот пат и контрола за тоа кој возила влегуваат. Ние ќе побараме во периодот кој следи овој потег да биде забранет за движење од страна на физички лица сѐ со цел да не дојде до ситуација да не настане пожар.“ додава Зајков.
За пожарот вчера е известен и ЦУК, МВР, како и Државниот инспекторат за животна средина. Во меѓувреме се работи на проектот за отворање на регионална депонија со што се очекува да бидат затворени неуредените депониии каде се одлага отпадот, а со тоа да се намали и можноста за предизвикување на пожари на отворено.
Лаура Стојанова М-Нет