Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип – Кочани, кај село Долни Балван

Сообраќајна несреќа денеска на регионалниот пат Штип Кочани, кај село Долни Балван. Во несреќата учествувале две патнички моторни возила. Причинета е материјална штета, но за среќа нема повредени лица. На лице место излегоа полициски службеници од СВР Штип. Сообраќајот се одвива со регулација.