
Низа активности и проекти се предвидени за реализација летниот период во основните и средни училишта на територија на Општина Штип. Со средства обезбедени од Буџетот на општината ќе се реконструираат кровои, училишни дворови, ќе се работи на спортски игралишта како и внатрешно уредување на дел од училиштата. Додека учениците се на одмор, ќе се работи во подрачното училиште во населба Три Чешми, во ОУ „Димитар Влахов“ како и во ОУ „Ванчо Прке“.
„Во основните училишта би споменале дека во ОУ „Гоце Делчев“ ќе се работи на изградба на мултифункционално игралиште, во склоп на училиштето во Три Чешми. Во ОУ „Димитар Влахов“ ќе се работи на реконструкција на кровот со средства од 3,5 милиони днари, ќе се работи и на ново мултифункционално игралиште со тартан подлога како и пристапен пат. Во ОУ „Ванчо Прке“ следи поставување на искачувачка карпа во една од просториите“ – вели Санева.
Активности се предвидени и во средните училишта. Општината обезбеди средства за промена на прозорците во средното медицинско училиште, а внатрешно ќе уреди и СОУ „Коле Нехтенин“. Поднесена е и апликација до МОН за да се обезбедат пари за реконструкција на кровот на штипската гимназија.
„За средните училишта се превидени исто така низа активности. Во СОУ „Коле Нехтенин“ се обезбедени средства во износ од 2,2 милиони денари од Буџетот за реконструкција и санација на училиштето во внатрешниот дел, а исто така и уредување на дворот. Во СОУ „Јане Сандански“ се обезбедени средства од 5,5 милиони денари за замена на прозорците со ПВЦ енергетско ефикасни прозорци.“ – додава Санева.
Активносите предвидени за летниот период сѐ со цел учениците од наредната учебна година да се вратат на училиште во подобри услови. Санева потенцираше дека до крајот на годината ќе се аплицира и на останати проекти во основните и средни училишта на територија на Штип.
Лаура Стоајнова М-Нет