
Веќе три кола се одржаа во рамите од првенството на Супер пинг-понгарската лига на Македонија во кои два тима Шампион ФА од Штип и Младост 96 на големо ја наметнаа својата кандидатура за највисок пласман. Го делат првото место на табелата со максимални три победи досега а најинтересното допрва надоаѓа. Имено како што веќе најавивме сите натпревари поради пандемијата се организираат и се одржуваат во спортската сала „Борис Трајковски“. На програмата во претстојниот викенд ќе бидат средбите од 4 коло и 5 коло во кое ќе биде и големото дерби.Еве ги комплетните парови :
Четврто Коло:
Работнички – Младост
Струга – Радовиш
Вардар – Крива Паланка
Нец – Младост 96
Шампион ФА – Нец 2
Петто коло:
Нец 2 – Работнички
Младост 96 – Шампион ФА
Крива Паланка – Нец
Радовиш – Вардар
Младост – Струга
Сите натпреварите ќе се одржат во недела 27 септември во спортската сала „ Борис Трајковски“ во Скопје.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk