
Фудбалерите на Кит Го Пехчево вечерва на „градски“ во Штип во прекрасен вечерен амбиент извојуваа вредна победа со што си обезбедија понатамошен пласман во Куп натпреварите на Македонија. Во вистински прволигашки ритам со добра игра и на двете екипи на крајот сепак победата и припадна на играчите на Кит Го. Тие во водство од 1:0 дојдоа во 23 м. со прекрасниот гол на Владимир Дујовски и со овој резултат се отиде на одмор. Гостите од Скопје го израмнија резултатот во 61м. по оправдано досудениот пенал од судијата Сашко Ристов од Струмица поради игра со рака на еден одбранбен играч на Кит Го. Сигурен реализатор на ударот од 11 м. беше Иво Јанакиевски.Ново водство од 2:1 на Кит Го му донесе мајсторскиот гол на Марио Рунтев во 68 м. со што се постави и конечниот резултат на овој натпревар со што Кит Го обезбеди пласман во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Еве ги комплетните резултати од 1/16 финалните средби:
Вардар Форино – ВАРДАР Скопје 2:2 на Пенали оди ВАРДАР СКОПЈЕ
МАКЕДОНИЈА ЃП – Победа 0:0 на пенали одат домакините
Пелистер – Љуботен 4:0
Слога В – Шкупи 1:2
Силекс – Лабуништа Тетово 4:0
Велешта – Кожув 1:2
Росоман – Беласица 1:5
Охрид Лихнидос – Ренова 0:4
Гостивар – Тиквеш 5:0
Влазерими – РАБОТНИЧКИ 0:0 на пенали Работнички
Каменица САСА – Борец 2:2 на пенали домакините
Кит Го Пехчево – Скопје 2:1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk