Штипјанецот Дамјан Давков освои злато во Сараево на Балканската математичка олимпијада

Македонската репрезентација постигна одличен успех на 42. Балканска математичка олимпијада – која годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен, еден сребрен и три бронзени медали.

  • ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 33 поени)
  • АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 28 поени)
  • БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (бронзен медал; со освоени 22 поени)
  • ЛЕОНИД ТОДОРОСКИ (бронзен медал; со освоени 20 поени)
  • ИВАНО БОЖИНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 18 поени)

Успехот на македонските ученици е успех за целата татковина.