Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на повикани ракометари за натпреварите со Естонија и Литванија од квалификациите за ЕП 2026!

ФОТО: РФМ

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство кое се игра во 2026 година.

Македонската репрезентација ќе ги одигра натпреварите против Естонија во гостиски во рамки на 5. коло и против Литванија на домашен терен во рамки на 6. коло.

На поширокиот список Лазаров ги повика голманите Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ и Иван Галевски. Повикани крила се Ненад Костески, Александар Петковски, Ален Ќосески, Димитар Узунчев, Иван Џонов, Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ и Димитар Димитриоски.

На позицијата бек се повикани Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Филип Талевски, Дамјан Митев, Емилијан Ѓорговски, Игор Ѓогриев, Мартин Карапалевски, Мартин Ивановски, Марио Танкоски, Мартин Велкоски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Филип Николов и Давид Савревски.

Повикани пивоти се Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Валентин Карасманакис, Марко Стојковиќ и Самоил Ристевски.

Повикани дефанзивци се Никола Маркоски, Михаил Аларов и Михајло Младеновиќ.

На поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров се наоѓаат 35 ракометари.

Александар Ванев, М-Нет