
Утре во штипско Пенуш ќе се организира турнир во пеливанство, а кој ќе биде организиран од страна на боксерскиот клуб Фамилија Демирови од Штип.
На овој турнир кој ќе се организира по првпат учество ќе земаат над 50-тина натпреварувачи од Македонија, а ќе има учество и на натпреварувачи и од странство.
„Прво да им се заблагодарам на сите граѓани на градот Штип којшто првпат ќе се одржи таков турнир во Пенуш. Ќе имаме борачи од цела Македонија, но и регионот, ќе имаме некаде околу 50-тина борачи за овој турнир во пеливанство, кој ќе се одржи во Пенуш кај стрелиштето. Им посакувам на сите мои пријатели и другари, колеги, љубители на пеливанството да дојдат и да бидат учесници на овој турнир. Очекуваме и многу публика и да има одлична атмосфера, а очекуваме дека ќе бидеме и шампиони и сите титули да ги собериме ние“, вели Демиров за М Нет.
Организаторот предвидува и медали за најдобриоте на првото издание на овој турнир во пеливанство.
„Медали ќе имаме за прво, второ и трето место. Очекуваме двајцата наши борачи најголемите носители на ромската заедница, Фадил Назифов и Џан Назифов ги очекувам со цел да го направат свеченото отварање со нив“, додава Демиров.
Овој спортски настан ќе започне во 11:30 часот, а официјалниот дел ќе следува 30 минути подоцна, како што вели Демиров интересот е голем.
„Натпреварот ќе започне во 11:30 часот, а официјалниот дел во 12 часот започнуваат борбите и ги очекувам сите да дојдат да дадат поддршка на нашите борачи и од цела Македонија, но и надвор од нашата држава што ќе присуствуваат на турнирот“, вели Демиров.
По завршувањето на спортскиот дел за сите гости ќе има предвидено и заедничка вечера.
„Сите што ќе дојдат како гости од цела Македонија ќе имаме заедничка вечера сите слободно можат да учествуваат со нас заеднички со фамилија Демирови“, додава Демиров.
Овој турнир се организира по првпат, а истиот го организира фамилија Демирови.
„Одлуката ни беше односно приоритетот ние беше тоа да го направиме во претходните години, затоа што има доволно луѓе кои земаат учество, ние како фамилија Демирови еве како за првпат сакам од нас за започне и да остане една традиција за сите генерации и да продолжи во следните години“, завршува Демиров.
Како што вели Демиров целта на овој турнир ќе биде истиот да прерасне во традиција и истиот да се организира редовно и во иднина.
Александар Ванев, М-Нет