
Дали претходниот директор на штипската гимназија, Тамер Јамаковски додека бил на функција директор ги исполнува потребните услови, прашаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНе Штип. Од таму велат дека е направен пропуст.
„Дали разрешениоет директор на СОУ гимназија „Славчо Стојменски“, Тамер Јамаковски во периодот додека ја обавувал функцијата ги исполнувал условите наведени во член 91 став 2 од Законот за средно образование. Дали именуваниот имал соодветен признат сертификат за познавање англиски јазик и доколку го немал на кој начин бил избран по огласна постапка, по која му е доделен мандат од 4 години. Од страна на подносител на иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор уште на крајот на минатата година било укажно дека лицето кое јаобавува функцијата директор можеби не ги исполнува условите за истата. Државниот просветен инспектор се прогласил за ненадлежен, но по водена постапка од страна на инспекциски совет е утрвдено дека е направено проспуст, констатирано е можно прикривање на фактичка состојба и е повредена соодветната дисциплинска постапка. Сепак до денес нема корекции на констатираните неправилности од страна на инспекцискиот совет, односно нема одговор на прашањето Дали именуваниот функционер ги имал потребните документи во моментот кога за истото се вршело проверка“ – кажаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Од ВМРО ПДМНЕ Штип велат можеби Јамаковски не бил свесен за пропустот, но истивремено прашуваат зошто веднаш по покренувањето иницијатива за проверка се обидел да се стекне со соодветниот документ. Од партија ги повикуваат надлежните институции да се охрабрат и потсетија дека времето на заробени институции истекува.
На ова од ОО на СДСМ Штип одговорија дека се изнесени невистинити само за да се прикрие неработењето.
„Изнесените невистини од страна на ВМРО ДПМНЕ се само очај да се прикрие нивното неработење и бледо замајување на јавноста. Обвинувањата дека директорот не ги испонувал условите се тотална невистина и лага. Фактичката состојба е констатирана од вторстепени комисии кои го поништија решението на градоначалникот. Се поставува прашањето кој ќе одговара за злоупотреба на службена должност бидејќи не постапил по тоа решение? Помина времето на незаконско поставување на директори со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ во опозиција„ – одговорија од СДСМ Штип, во писмено соопштение.
Од таму додадоа дека по преземањето на Локална власт, ВМРО ДПМНЕ се врати на истите патеки поставувајќи вд директори кои не ги исполнуваат законските услови.
Лаура Стојанова М-Нет