Замрзнати маржи на производите и по два дена незабележителни кај граѓаните

Два дена откако се замрзнаа маржите на дел од основните производи за живот, граѓаните во Штип велат сѐ уште не почувствувале намалување. Според нив цените на лебот можеби бележат намалување од 2 3 денари, но тоа не допридонесува до осленување на нивниот Буџет. Заради ова тие сега ги купуваат најосновните производи, леб бидејќи мора, а многу поретко макорони. Со примањата има средства колку да се преживее.

„Не требаше да се качат цените, бадијала е качувај па намалувај. Многу тешко оде назад сега.“

„Не приметуваме ништо, еве јогуртот е 69 денари, а беше 52 денари“

Инаку пред два дена се замрзнаа маржите за 5% на белиот леб, шеќерот и сончогледовото масло, а на 10% брашното, макароните, ориз, трајно млеко и јајца во трговијата на големо и мало. Владината мерка ќе важи до 30 септември оваа година.

Лаура Стојанова М-Нет