Дали Спасов ќе биде екстрадиран во Македонија?

Побарана е екстрадиција на Игор Спасов, обвинет за убиството на Мартин Нешковски. Спасов е уапсен во Бугарија каде што престојувал во населбата „Младост“ во Софија, по пријава за семејно насилство на 1 февруари годинава. Дали истиот ќе биде донесен во нашата држава, кога и на каков начин му се упати прашање на Бугарскиот амбасадор во посетата на Штип. Доколку се установи дека Спасов има бугарски пасош неговата екстрадиција не е загарантирана.

Ексдрадициите се сложени процеси, тамо не се вклучени Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда туку и Министерството за надворешни работи, така до дека траат сите процедури јас неможам да го коментирам случајот бидејќи ова е сложен процес.“

Спасов беше поранешен припадник на специјалните единици на МВР . По осудата за убиството на Мартин Нешковски е осуден на 14 години затвор, а по него се трага од 14 октомври 2019 година, откако претходно одлежа околу половина од затворската казна, беше пуштен на лекување и не се врати во затвор. Спасов се наоѓа во притвор и државата е должна во рок од 40 дена да побара негова екстрадиција.