По неполни два месеци од завршувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Штип, Митев со свој став како поминал овој изборен процес но и какви се и ќе бидат последиците од истиот. Според него штипјани ќе плакаат и ќе плаќаат, за нивниот избор.
„Moжам да кажам на граѓаните на Општина Штип дека изборите протекоа како бурлеска, едноставно почнувајќи од ДИК која не дозволува за малите партии и индивидуалци да излезат на избори, потоа на ОИК која баравме повише денови бидејќи не можевме да ги дадеме документите“.
Наесен оваа година се очекува и одржувањето на редовните избори, па Митев со став дека дури тогаш ќе се покаже вистинскиот избор на граѓаните. Според него ќе се гласа за поединци кои можат да направат повеќе за градот под Исарот а со самото тоа партиите да завршат во минатото.