ФК Брегалница убедлива во Дојран против екипата на Плачковица

Штипските сини, тимот на Брегалница во склоп на подготовките во Дојран денес одигра пријателски натпревар со екипата на Плачковица од Радовиш. Натпреварот заврши со победа на Брегалница од 5:0 (4:0) а стрелци на головите беа Дарко Стојанов, Мартин Стојанов од пенал, Кудијан, Додев и Ристе Наумов. Шефот на стручниот штаб на Брегалница Марјан Секуловски веќе ги има контурите на составот во кој денес беа новајлијата од Кит Го, Владимир Дујовски како и Дарко Додев кој го продолжи договорот со штипските сини. Брегалница во Дојран ќе одигра контролен меч со Кожув на 13 февруари по што се враќа во Штип. Потоа следува „генералка“ со лидерот во западната група тимот на Скопје на 20 февруари а колку за потсетување првенството во пролетниот дел ќе започне на 27 февруари а во првото коло во Штип ќе се сретнат Брегалница – Победа.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk