
Во Општина Кочани на неколку локации веќе се поставени подземни контејнери, со цел да се селектира отпадот и да се одржува чиста животната средина. Меѓутоа, колку тоа навистина е така во пракса. По обајвените фотографии на социјалните мрежи дека отпадоците завршуваат покрај контејнерите, обиколка направи и екипата на М-Нет телевизија. Она што можеше да го забележи нашата камера беа отпадоци, шишиња, пластика до самите контејнери, па ги прашавме граѓаните на Кочани, колку новите поставени подземи контејнери ја подигаат свеста кај граѓани за зачувување на чиста животна средина. Анкетираните кочанчани согласни дека свеста расте, контејнерите се добра инвестиција.
„Јас мислам дека е добра работа тоа шро се поставени новите контејнери и дека полека, полека и свеста кај луѓето ќе се менува во однос на тоа да ги употребуваат така како што треба.“
„Мислам дека со текот на времето како што гледаме свеста се враќа кај луѓето, мислам дека е океј, добро е“
Инаку, на пет подземни платформи во централното градско подрачје се инсталираат по четири контејнери, од кои два за комунален отпад, а по еден за хартија и пластика. На површината има стандарно дизајнирана корпа за отпадот, а под површината се наоѓа простор за негово собирање. На тој начин беше предвидено да се избегнува непријатната миризба, расфрлањето на отпадот, поместувањето и оштетувањето на контејнерите, истовремено и заштеда на просторот.
Лаура Стојанова М-Нет