
Гужва во маркетите пред Задушница, граѓаните пазарат за душа и спомен на починатите. Иако свештениците велат потребно е само пченицата и виното, сепак граѓаните ја почитуваат и верата и традицијата. Леб, локум, пченица, јаболка, вино, и се она што, според обичајот, го сакале покојните. На терен тие велат, не е скапо ништо кога станва збор за нивните сакани.
Цените високи, платите и пензиите скромни, ама и оваа година Задушница ќе се одбележи достојно, додаваат анкетираните.
Инаку, утре во предвечернието на Задушница, граѓаните ќе ги посетат градските гробишта во Штип и ќе раздаваат за починатите. Од брегалничката епархија и понатаму информираат, свештениците помен на починатите ќе прават утре попладне на парцелите над капелата, а всабота под капелата.
Иван Митев, М-Нет