Се асфалтира крак на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Штип, кој ќе се поврзи со новата обиколница

Започна асфалтирањето на кракот на улицата „Велјко Влаховиќ“, кој ќе се поврзи со новата обиколница од населбата Железничка до викенд населбата Плуждино. Станува збор за значаен инфраструктурен зафат што треба да овозможи подобра сообраќајна поврзаност на овој дел од градот. Во рамки на проектот се работи и на повеќе краци што ќе ги поврзат Пребек и Мерите со обиколницата. Предвидена е и изградба на кружен тек, кај црквата „Јован Крстител“. За динамиката на работите и плановите што следуваат, говори градоначалникот Иван Јорданов.

,,Се наогаме во продолжение на населба Пребек. Работејќи на новата сообраќајница, која ја ќе ја поврзе нас. Пребек и останатиот дел од градот со обиколницата. Денес се нанесува првиот асфалтен слој, морам да напоменам за јавноста дека освен овој крак, кој ја поврзува обиколницата, следниот крак на кој што ќе се работи е од страна на населбата железничка, водејќи кон викенд населбата и индустриската зона Плуждино. Обиколницата е во фаза на изградба и ова се краци кои во моментот се работат. Сакам да потенцирам дека исто така ќе се работи и на крак поврзувајќи ги мерите со обиколницата и практично еден нов кружен тек некаде кај црквата Јован крстител, која се наога на средина на самата обиколница. Станува збор за еден потег кој верувам дека на среден рок после пет години ќе биде една нова зона за домување, нова зона за деловни простории, индустрија и нов дел кои што ќе се развива.“, рече Јорданов

Во тек е тендер за изградба на мост на реката Брегалница, како дел од новата штипска обиколница. Со него ќе се подобри пристапот до излезот од градот.

,,Во тек е тендерска постапка за изградба на мост на реката Брегалница, кој ќе биде во функција на самата обиколница. Затоа што сите жители на останиот дел од градот, кој што ќе транзитираат кон градските гробишта, кон излезот на градот, ќе ја користат оваа обиколница. Имајќи во предвид дека целиот овој потег наоколу ќе биде урбанизиран, по изградбата, на некој среден рок ќе имаме развој и населување на жителите на оовј дел од градот.“, додава Јорданов

Овој проект ќе овозможи нов равој во Штип. По завршувањето се очекуваат нови деловни и станбени зони. Градоначалникот Јорданоив вели дека со проектот ќе се олесни сообраќајот и жвиотот во градот.

Иван Митев, М-Нет