СДСМ Штип: Каде заврши опремата на ДГ Астибо?О. Штип: СДС фрла само црна сенка врз работата на градинката

Каде се дел од детските реквизити и вештачка трева кои требаше да бидат поставени во клоновите на детската градинка Астибо во Штип, – прашаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека детската градинка добила над 2 ипол милиони денари блок дотации од Министерството за труд и социјална политика и проектот требало да заврши за три месеци. Ама сега поставени се само дел од реквизитите, а вештачката трева ја нема. Упатуваат низа прашања за директорката на градинката.

„Ваквата ситуација на терен отвара редица прашања и сомневања за тоа каде наоѓа опремата. Јавно ја прашуваме директорката на детската градинка Астибо:
– Каде и колку од детските реквизити и вештачката трева се поставени?
– Дали се вистините шпекулациите дека дел од опремата е изнесена од кругот на градинката и каде се наоѓа?
– Дали без одобрени на Управен одбор опремата е предадена во владение на друг?
– Дали можеби реквизитите и вештачката трева поставени во зоолошката градина парк Бриони и оние на игралиштето во населбата Пребег се дел од набавката од страна на градинката?
Јавноста треба да знае дали наменски доделените средства од страна на Министерството се искористени за подобрување на условите во градинките или пак истите се искористени за реализација на предизборната програма на Јорданов и ДПМНЕ.“ – кажаа од СДСМ.

Од СДСМ со повик до надлежните институции да ги испитаат основните за сомневање за сторена злоупотреба на службената должност на директорката на детската градинка Астибо во Штип.

Од општина Штип на прес конференцијата одговорија со писемно соопштение во кое наведуваат дека на прес конференцијата се изнесени само лаги и невстини, но конкретен одговор нема на ниту едно од поставените прашања.

„Почитувана јавност, Општинската Установа за деца Детска Градинка Астибо – Штип, со големо внимание ја проследи прес конференцијата на партијата СДС и за истата можеме да кажеме дека е полна со јавно изнесени лаги и невистини, со кои сакаат да го уништат угледот на оваа установа за деца. Нашата градинка, која е најстара и со најголема традиција во градот, позната по неприкосновената услуга кон децата и родителите, како и по високото ниво на ефикасност во згрижувањето. Затоа, ваквите прес конференции можеби во моментов фрлаат црна сенка врз нашата работа, но не можат да ги сокријат нашиот мотив и посветеност во нашата основна дејност – згрижување на најмладите жители на нашиот град!“ – се вели во писменото соопштение од Општина Штип.

Лаура Стоајнова М-Нет