Активен пожар во Општина Пробиштип во село Зелениград и Јамиште

Активни се пет пожари, а еден од нив е во Општина Пробиштип кај с. Зелениград и с.Јамиште. Од Центарот за управување со кризи известуваат дека во текот на вчерашниот ден регистрирани се 29 пожари на отворено, а на пет локации сеуште беснее огнената стихија, 3 пожари се под контрола, останатите се изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во општина Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, Студеничани и во Општина Пробиштип.
Три пожари се ставени под контрола во Охрид, Богданци и Пласница.

Изгаснати се пожарите во Општина Чешиново-Облешево с.Теранци, с.Подареш, радовишко, с.Пресека во Општина Кочани, с.Патетино – Св.Николе, с.Дулица Македонска Каменица, два пожари во Босилово, во општина Студеничани, по два пожари во општина Гази Баба, Битола, Прилеп. Изгаснати се и три пожари во Липково, два во Куманово и по еден пожар во Кичево и Гостивар.

Лаура Стојанова, М-Нет