
Градскиот стадион во Тетово во перфектна состојба е подготвен за баражот меѓу Башкими и Влазерими
Денес со почеток од 17 часот ќе се одигра бараж натпреварот за влез во Втората македонска фудбалска лига меѓу Башкими и Влазерими.
Шампионите на Трета лига – Север и Трета лига – Запад во финално соочување за пласман во повисок ранг на натпреварување. Градскиот стадион е подготовен за големото дерби, навивачите веќе пристигаат во Тетово.
Градскиот стадион во Тетово е во перфектна состојба и тоа ќе понуди идеални услови за големото соочување на овие две екипи на патот кон Втората лига.
Телевизија М Нет е во Тетово, од каде ќе врши пренос на натпреварот кој ќе започне неколку минути пред 17 часот. Колку за потсетување, во живо на М Нет ќе има пренос и од Кичево, каде играат Новаци и Вардар Неготино.

