ПОЛУВРЕМЕ: Тетекс го „меле“ Осогово, Башкими на чекор од Втора лига, Новаци има гол предност!

Полувреме од баражите за влез во Втората македонска фудбалска лига. Тетекс скоро сигурно ќе игра во второлигашкото друштво и следната сезона, бидејќи по првите 45 минути во Маџари на „Борис Трајковски“ го „сомеле“ Осогово и има 0:3 предност.

Дефинитивно искуство на Тетекс како второлигаш е пресудно за ваквото водство на „штофарите“.

Башкими е на чекор од Втора лига, на полувреме шампионот на Трета лига – Север има 2:0 предност против шампионот на Трета лига – Запад, екипата на Влазерими.

Фактот дека Трета лига – Север е најголем регион со 30 кола, го потврдува тоа што го најави и телевизија М Нет, дека Башкими со најмногу одиграни натпревари ќе биде многу подготвен за овој психолошки тежок натпревар.

Новаци на полувреме има водство од 1:0 против Вардар од Неготино, па во вториот дел на овој натпревар ќе биде најмногу неизвесно.

Натпреварите од Тетово и Кичево можете да ги следете на телевизија М Нет во живо.