Новаци и Вардар Неготино пристигнаа во Кичево – последни совети за утрешниот бараж за Втора лига

Новаци и Вардар Неготино утре ќе се соочат во баражот за пласман во Втората македонска фудабалска лига, а овој натпревар ќе се одигра на стадионот во Кичево.

Двете екипи веќе денес пристигнаа во Кичево каде ќе ги имаат последните подготовки и совети пред утрешниот важен меч.

Вардар Неготино е шампион на Трета лига – Југ и многу лесно стигна до нов бараж, откако лани во пенал-рулетот загуби од Караорман. Екипата од Неготино веќе е сместена во Кичево, а денес беше одработен последниот тренинг, тренерот Љупчо Димитковски – Гањо ги подели последните совети и инструкции кон фудбалери на стадионот на кој утре ќе се одигра финалниот меч за пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Новаци, исто така пристигна во Кичево каде екипата заедно ќе ги помине овие 24 часа пред утрешниот бараж натпревар. Според информациите на телевизија М Нет, Новаци утре рано ќе ја почувствува атмосферата на стадионот, екипата ќе биде во карантин, а тренерот Горан Ставревски ќе ги подели последните совети и инструкции кон играчите пред утрешниот бараж натпревар.

Двете екипи се на 90 миунти до пласман во Втора лига, а утре стадионот ќе биде окупиран со навивачи на двете екипи. Од Новаци е најавен организиран превоз за сите навивачи и поддржување на екипата, а пак од Неготино е најавена масовна инфазација на Кичево од страна на верните „Винари“.